ЦРМ: Законот навлегува во уредувачката политика на медиумите

Од:

„Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) смета дека Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААМУ) навлегува во независната уредувачката политика на радиодифузерите во Република Македонија. Сериозен индикатор за оваа констатација претставуваат вчерашните случувања поврзани со барањето иницирано од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) за санкционирање на два приватни радиодифузери, ТВ Телма и ТВ Сител, поради прекршување на одредбите од Законот поврзани со обврската за емитување домашна забавна и народна музика.

Членот 92 од Законот, на приватните радиодифузери им пропишува квоти за емитување музика и програми изворно создадени на македонски јазик и на јазиците на етничките заедници кои не се мнозинство во РМ. Дополнително, за потенцијалните прекршители на  овие обврски, предвидени се високи глоби кои достигнуваат и до 20.000 евра.На овој начин законодавецот врши директна повреда на општите начела на независното и професионално новинарство, кои предвидуваат слобода во дефинирањето на програмската шема и уредувачката политка на медиуммите.

ЦРМ смета дека прашањето колку и каква музика радиотифузерите ќе емитуваат е прашање на нивната независна уредувачка политика, а не на форматот во кој емитуваат. Сметаме дека овие обврски се единствено примерени за јавниот радиодифузен сервис кој има должност да се грижи за јазикот, традицијата и културното наследство на Република Македонија, како што веќе е уредено со постојниот текст на законот.

ЦРМ останува на ставот дека Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги оди пошироко во регулацијата од неговата првична цел, со него да се постигне хармонизација на македонското законодавство со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги донесена од страна на Европската Унија, и создава дополнителни обврски за приватните радиодифузери. Претераната регулација на медиумскиот простор може да донесе  само дополнително влошување на лошата медиумска слобода во Република Македонија.

Што се однесува до реакцијата на ТВ Телма по вчерашната одлука на Агенцијата, ЦРМ ги повикува двете страни што поскоро заеднички да ја решат дилемата околу времето кое радиодифузерот го алоцирал за емитување народна музика. Не би сакале да веруваме дека ТВ Телма е мета на неосновани напади и санкции од страна на државните институции, како резултат на нејзиното критичко известување за време на изборниот периодкој неодамна заврши“, се вели во соопштението на ЦРМ.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време