ЦРМ: Со новите законски измени Владата става рака врз јавните финансии во медиумскиот сектор

Од:

Центарот за развој на медиуми смета дека последниот Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, предложен од страна на Владата, по скратена постапка, претставува нов нетрансапрентен обид за удар врз слободата на информирањето и слободата на медиумите.

„Владата, со овие трети законски измени за само осум месеци,  сака на радиодифузерите да им го ограничи правото на опомена пред да биде поведена прекршочна постапка за непочитување на одредбите кои се однесуваат на производството и емитувањето домашна документарна и играна програма. Според предложените измени, Владата ќе го има последниот збор во определувањето на максималниот износ за исплата на надоместокот на радиодифузерите за создавање домашна документарна и играна програма. Таа наметнува паушални критериуми според кои ќе се оценува дали радиодифузерите имаат право на надоместок на трошоците во висина од 50%, а во иднина, преку подзаконски акт, ќе може да ги доразработува критериумите, и со тоа директно да влијае врз приватните радиодифузери и јавниот радиодифузен сервис.

Владата оди и чекор понатаму со тоа што си пропишува нова надлежност за формирање меѓуресорска комисија од седум члена, која ќе ги оценува  критериумите според кои ќе им се исплаќа надоместок на радиодифузерите за создавање домашна документарна и играна програма. Дури 5 членови на меѓуресорската комисија ќе бидат од министерства или други државни органи што се под директна контрола на власта, додека Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за филм ќе имаат само по еден член во комисијата. Ова претставува директен упад во независноста на медиумскиот систем во Република Македонија, и целосно деградирање на АВМУ како независно, самостојно и регулаторно тело.

Според ЦРМ, прашањето колку и каква документарна и играна програма радиодифузерите ќе емитуваат, е прашање на нивната независна уредувачка политика, а не на форматот во кој емитуваат. Овие обврски се единствено примерени за јавниот радиодифузен сервис кој има должност да се грижи за јазикот, традицијата и културното наследство на Република Македонија, како што е веќе уредено со постојниот текст на Законот.

Последните  законски интервенции, сериозно и суштински ги менуваат правата и обврските на радиодифузерите и сето тоа се одвива на нетранспарентен начин, без каква било јавна расправа и консултации со медиумската заедница во државава. Затоа, ЦРМ апелира, Владата да престане со игнорирање на медиумските организации и новинарските здруженија при интервенција во правни акти кои директно ги засегаат медиумската, но и пошироката јавност. Инсистирањето на законски измени по скратена постапка и отсуството на каква било јавна дебата за нив, претставува уште еден индикатор за тоа дека Владата сака да воспостави целосна контрола врз медиумите и медиумските работници.

Едновремено, ЦРМ апелера, Владата да престане со континуирано предлагање промени на медиумските закони, преку кои акумулирајќи суштински овластувања за себе, во континуитет ги намалува и онака кревките медиумски слободи во Македонија. Наместо вакви измени и дополнувања, ЦРМ сака да ја потсети Владата за јавно преземената обврска, во рок од шест месеци по донесувањето на медиумските закони, да предложи промени во начинот на финансирање на јавниот радиодифузен сервис, со кој ќе се обезбеди неговата независност и ќе се елиминира влијанието на извршната власт“, се вели во соопштението на ЦРМ.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина