„Центарот за развој на медиуми – Скопје пристапува кон коалицијата ГРАЃАНИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА, затоа што оваа коалиција не е ниту предизборна, ниту пак, е коалиција за освојување на власта.
Коалицијата ГРАЃАНИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА е коалиција за освојување на слободата, демократијата и владеењето на правото.
Ги повикуваме си слободоумни граѓани да се приклучат на оваа коалиција и масовно да излезат на протестот на 17 мај“, се вели во соопштението на ЦРМ.