ЦРМ: Поддршка за борбата на новинарите од „МПМ“

Од:

„Центарот за развој на медиуми го поддржува штрајкот на новинарите во „Вест“, „Дневник“ и „Утрински весник“ во најголемата медумска издавачка куќа „Медиа принт Македонија“.

На Денот на македонското новинарство, 17 февруари, наместо награди и славење, најголем дел од новинарите и другите медиумски работници во Медиа принт Македонија стапија во штрајк на неопределно време.
ЦРМ ја поддржува борбата за социјални права и статус на новинарите, затоа што тие се основни предуслови за нивната слобода, но и за постоење на слобода на медиумите, слобода на изразување и демократија во македонското општество.

Егзистенцијалната несигурност, доцнењето на срамно ниските плати, стравот дека ќе ја загубат работата, постојаните политички притисоци ги одвраќаат новинарите од исполнувањето на нивната професионална функција и задачи.
Поради високо изразениот клиентелизам кон власта овие медиуми од совест на општеството и чувари на демократијата, станаа чувари на ликот, делото, моќта и богатството на политичките налогодавци и на политичките и деловните интереси на нивните сопственици.

Овие медиуми, наместо чувари на граѓаните од самоволието на политичките елити, ја чуваa постоечката власт од народот, се додека нивните сопственици „демократски“ не се престројат и фатат приклучок со новите властодршци.

Сопствениците наместо да го развиваат медиумскиот бизнис и квалитет, новинарските стандарди и довербата кај читателите, се врзуваат со политиката за да го заштитат и „унапредат“ својот бизнис со државна буџетска тендерска синекура.

Центарот за развој на медиумите го подржува Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија (ССНМ), и синдикалните групи во „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“, и ги охрабрува да опстојат на своите барања за исплата на платите, за подобрување на условите за работа, почитување на професионалните новинарски стандарди и новинарската слобода. Новинарите и нивните синдикални претставници треба да бидат активно вклучени во сите идни процеси што имаат за цел да обезбедат подобра перспектива за споменатите медиуми“, се вели во соопштението на Центарот за развој на медиуми.

Би можело да ве интересира

ЦРМ: Власта да обезбеди слободно известување за изборниот процес, а новинарите да известуваат професионално Скопје

Ана Ололовска

Керим: Достапен сум за сите, па и за СЈО

Ана Ололовска

Керим и Станисављева недостапни за СЈО

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Керим по распитот во СЈО: Ќe кажеме се кога ќе дојде време

Ана Ололовска

Срѓан Керим пристигна на распит во СЈО

Ана Ололовска

Јана Станисављева пристигна на распит во СЈО

Ана Ололовска