ЦРМ: Нови тужби против новинарите, a намален медиумски интерес

Од:

Според податоците на основните судови, што НВО Инфоцентарот и ЦРМ, ги добија преку пристапот до информации од јавен карактер, во периодот од две години, ноември 2012 – декември 2014 година, пред 9 основни судови во Македонија (Гостивар, Велес, Струмица, Битола, Прилеп, Штип, Тетово, Куманово и Скопје 2), се покренати вкупно 520 судски процеси за навреда и клевета, од кои 74,4% се веќе завршени, а 25,6% се сѐ уште во тек. Најголемиот број од судските постапки за навреда и клевета се водат во скопскиот основен суд – (328) 63%, а најмалку во Тетово – (5) 0,96%.

Screenshot_4

Судски случаи за навреда и клевета по судови

Новинарството и натаму претставува најтужена професија. Дури една третина од постапките водени пред Основниот суд Скопје 2, во изминатите две години, се однесуваат на новинари, медиумски работници и медиуми. Најголемиот број од овие процеси – (82) 75% се веќе завршени, а останатите – (28) 25% се сѐ уште во тек. Она што загрижува е тенденцијата на постојано и континуирано покренување судски постапки против новинарите. Од почетокот на 2015 година, само пред скопскиот основен суд се покренати 30 нови судски постапки, од кои повеќе од половината – (17) 56% се однесуваат на новинари и на медиуми.

Screenshot_5

За интензитетот и должината на судските постапки против новинарите, зборува и податокот дека во периодот јануари – јуни 2015, просечно се одвиваа триесетина судски процеси, со по 20 рочишта месечно. Во последните 12 месеци, завршени се 56 случаи, но поголемиот дел од пресудите сѐ уште не се готови, а за дел сѐ уште се води жалбена постапка пред Апелациониот суд. Ваквата ситуацијата доведува до тоа некои од постапките за навреда и клевета да траат и повеќе од 2 години, што е во спротивност со Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, според кој постапките се итни.

Медиумите сѐ помалку се интересираат и информираат за навредата и клеветата. Ако во последниот квартал на 2014 година (октомври – декември), процентуалната застапеност на прилозите на оваа тема беше 10% од вкупното медиумско информирање за слободата на изразување и слободата на медиумите, во првиот квартал на 2015 (јануари – март), падна на само 5%.

Навредата и клеветата во медиумите

Досегашната пракса покажува дека постои загрижувачки драстична разлика во работењето на судиите, кога станува збор за процеси во кои како странки се јавуваат политичари/државни функционери, наспроти случаите во кои нема нивна инволвираност.

Кога во случаите како една од странките се јавува државен функционер, односно политичар, видливо е дека тие се одвиваат побрзо, односно видлива е тенденцијата за поитно постапување на судот. Исто така, во ваквите случаи примената на Европската конвенција и праксата од Стразбур, која меѓу другото предвидува носителите на јавни функции да имаат поголем праг на толеранција во однос на критиките, е недоследна и е во насока на целосна заштита на честа и угледот на функционерите, наспроти слободата на изразување.

Ваквото постапување на судиите сериозно ја загрозува слободата на изразување во Македонија, доведува до самоцензура кај новинарите, предизвикува оладувачки ефект врз истражувачкото новинарство и повторно го наметнува проблемот со (не)зависноста на судската власт.

Овој пресек на судските случаи за навреда и клевета, со посебен фокус на нивното влијание врз слободата на изразување и слободата на медиумите, е подготвен од НВО Инфоцентарот и Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, спроведуван од Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ).

Би можело да ве интересира

ЦРМ: Власта да обезбеди слободно известување за изборниот процес, а новинарите да известуваат професионално Скопје

Ана Ололовска

ЦРМ: Бесплатната правна помош за новинари и медиуми од годинава ќе се финансира „по случај“

Ана Ололовска

ЦРМ: АВМУ не ги почитува законските обврски по иницијативата за доделување дозвола за емитување

Ана Ололовска

ЦРМ: Најостро го осудуваме синоќешниот напад врз новинарите и медиумите

Наум Локоски

ЦРМ: Осуда за кукавичкиот напад врз екипата на а1он.мк

Ана Ололовска

ЦРМ: Поддршка за борбата на новинарите од „МПМ“

Ана Ололовска