ЦРМ: Новинарите да не го запостават јавниот интерес во известувањето за случајот „Пуч“

Од:

Центарот за развој на медиуми на новинарите им порача дека не смеат да го запостовата јавниот интерес за случајот „Пуч“.

Соопштението на Центарот за развој на медиуми ви го пренесуваме во целост:

„Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) потсетува дека новинарите не се одговорни за начинот на кој нивните извори ги добиле податоците, вклучително и податоци што произлегуваат од неовластено следење на комуникациите. ЦРМ ги повикува новинарите во известувањето за случајот „Пуч“ да не го запостават јавниот интерес.

ЦРМ потсетува дека праксата на Европскиот суд за човекови права ги ослободува новинарите од одговорност за објавување тајни или лични податоци и информации, доколку новинарите во добивањето на информациите не прекршиле некој закон или правило.

Исто така, во Заедничката изјава на Специјалните известувачи за слободата на изразување на ОН, ОБСЕ, ОАД и Африканската унија од 19 декември 2006 година, се вели дека „Новинарите не треба да носат одговорност за објавување тајни или доверливи информации ако самите не прекршиле никакво правило или законска одредба во обезбедувањето на таквите информации“.

Директивата за заштита на индивидуата во однос на обработката на лични податоци и слободата на движење на таквите податоци на Европскиот Парламент и на Советот на ЕУ (95/46/ЕЦ) ги опфаќа, во дефиницијата за лични податоци, и видео и аудио снимките собрани со тајно снимање (тн. „undercover“), но на земјите членки им наложува, во Член 9 од Директивата, во националните законодавства да обезбедат исклучоци или ослободување на новинарите од одредбите на Директивата што се однесуваат на процесирањето на лични податоци.

Секако, во известувањето во такви случаи, новинарите треба да се придржуваат до правилата на професионалната етика, која бара објективност и почитување на приватноста на други лица, но не по цена на запоставување на јавниот интерес“, стои во соопштението на ЦРМ“.

Би можело да ве интересира

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов