ЦРМ: АВМУ професионално и доследно да ги мониторира медиумите за време на изборите

Од:

„Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) апелира до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), целосно, доследно и професионално да ги спроведува законските обврски за мониторинг на радиодифузерите за време на изборите, како  и  сопствената Методологија за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси.

Анализата на Извештаите од мониторингот на медиумското покривање на првиот круг од претседателските избори на јавниот радиодифузен сервис и на комерцијалните медиуми, усвоени на вчерашната седница на Агенцијата, покажува дека АВМУ селективно ја спроведува методологијата за мониторинг на радиодифузерите, а заклучокот кој се однесува на телевизиите Телма и 24 Вести воопшто не произлегува од содржината на извештајот. Во мониторингот преовладуваат квантитативните  елементи, додека квалитативната анализа на медиумското покривање е сведена на минимум. Многу малку или воопшто не е направена анализа на тонот на кој известуваат медиумите; на рамката во која известуваат за определени политички субјекти; на манипулативната употреба на филмови, слики и звуци; на изборот на зборови или реченици кога се известува за политичките субјекти или кога се презентираат информациите; на почитувањето на новинарските професионални стандарди; на присуството на говор на омраза и др. Отсуството на продлабочена и детална квалитативна анализа на медиумското покривање и комплетната доминација на квантитативните елементи, даваат нецелосна, па дури и искривена слика за начинот на кој медиумите информираа за време на првиот изборен круг.

Иако, Агенцијата во Методологијата за мониторинг наведува дека „елементите  врз основа на кои ќе се извлекува оценка за квалитетот на известувањето се потпираат врз Насоките за медиумска анализа во текот на мисиите за набљудување на изборите, изработени во 2005 година од страна на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), Директоратот за човекови права, Комисијата за демократија преку правото (Венецијанска комисија) на Советот на Европа и Европската комисија, како и врз насоките за покривање на изборите од страна на радиодифузните медиуми во транзиционите демократии на ’Артикл 19’ “, таа сепак, не ги почитува доследно, и на јавноста ѝ оневозможува да добие јасна и прецизна слика за тоа дали медиумите балансирано и непристрасно информираа за време на првиот изборен циклус.

Имајќи ги предвид законските обврски на АВМУ и исклучителното значење на мониторингот на медиумското покривање, уште еднаш апелираме, Агенцијата во својата анализа целосно да ги вклучи квалитативните компоненти на мониторинг и на таков начин да ја потврди својата професионална, независна и непристрасна улога на регулаторно тело.

Центарот за развој на медиуми, во рамките на програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Република Македонија и Проектот за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера, континуирно ја набљудува работата на Агенцијата за аудио и аудивизуелни медиумски услуги, а за време на изборите ја мониторира и работата на другите релевантни институции, како на пример, на Државната изборна комисија“, се вели во соопштението на Центарот за развој на медиуми.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време