Црквите од дијаспората им помагале на ВМРО-ДПМНЕ за изборите во 2011

Од:

Од СМС пораките кои денеска се репродуцираат во судот на рочиштето за предметот „Титаник“ кој се однесува на изборни нерегуларности може да се се забележи како високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ ги ставаат во служба на партијата црквите на МПЦ од дијаспората и амбасадите за изборите од 2011 година.

-Ова го тераме. Бројката за пријавени за гласање во дијаспората е катастрофа. Времето е кратко се што треба да направиме е да ги земеме адресите од иселениците од амбасадата или ЦРКВАТА, стои во СМС порака направена на 27.04.2011 во 18 часот и 55 минути помеѓу поранешниот министер Миле Јанакиески и Мартин Протуѓер.

-Веќе го организирам ова, вклучив повеќе луѓе, барам паралелни списоци од МНР, МВР и цркви, стои во продолжение на разговорот.

Според СМС пораките кои ги презентира Специјалното јавно обвинителство, за гласачите од дијаспората лично се погрижил и тогашниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски кој од Њу Џерси, САД директно го известува Јанакиески за преземените мерки.

-Бев со иселениците во Св. Кирил и Методиј во Њу Џерси, поделивме околу 800 барања за гласачи. Конзулатот ќе работи и викендов, се очекува да има повеќе пријави, му вели Милошоски на Јанакиески.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески