ЦО на СДСМ: Само преодна Влада е решение за кризата

Од:

Активностите на СДСМ од донесувањето на црвстата и решителна одлука на СДСМ, пред месец и половина, за објавување на документите што докажуваат криминал и корупција во највисокиот врв на власта, ги даваат очекуваните резултати, констатирано е на вечерашната седница на Централниот одбор на СДСМ.

co 4

Проектот Вистината за Македонија допре до најголем број од граѓаните на Македонија кои се информирани за суровиот, криминален, противуставен и противзаконски начин на владеење на тесна група на власт.

Централниот одбор едногласно ги поддржа предлозите на претседателот Зоран Заев и на Извршниот одбор за натамошните чекори на СДСМ.

co 2

Отстапки нема, решение за длабоката политичка криза е преодна Влада којашто ќе отвори пат за реализација на вистинската волја на граѓаните на Република Македонија.

СДСМ храбро и одлучно, со засилено темпо, ќе продолжи со реализација на определбата за нормализација на државата и враќање на слободата и демократијата во земјата. Никој и ништо не може да ја поколеба партијата на тој пат, на којшто добива `се помасовна граѓанска поддршка.

co 3

Со оглед дека истекува мандатот на делегатите на Конгресот на СДСМ, Централниот одбор на партијата донесе и едногласна одлука за отпочнување постапка за избор на делегати на ова највисоко партиско тело, истакнато е по вечерашниот централен одбор на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он