ЦО на СДСМ ќе дискутира за оставката на Заев и актуелната политичка состојба

Од:

Ќе расправаме за актуелната политичка состојба, ќе не информира претседателот на партијата до кај се разговорите со потенцијалните нови коалициски партнери и секако ќе се отвори дебата во однос на неговата оставка, информира вечерва пред седницата на Централниот одбор на СДСМ, членот на Извршниот и на Централниот одбор на партијата Мухамед Зеќири.

Тоа што ќе се реши, како што кажа, секако на крај ќе се соопшти на медиумите и на јавноста.

– Што ќе реши мнозинството тоа ќе биде одлуката. Ќе видиме како ќе тера дебатата внатре. Ако се отвори постапката ќе има секој право да се кандидира што ги исполнува условите, рече Зеќири.

Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска изјави дека имаат повеќе теми за дискусија – следните чекори на партијата, околу парламентарното мнозинство, актуелната политичка состојба.

– Тоа ќе го дискутираме на Извршниот и на Централниот одбор бидејќи самите овие две седници се токму по негово барање, рече Лукаревска околу оставката на Заев.

Седницата на Централниот одбор на СДСМ која ќе се одржи вечер, беше одложена во вторникот поради тридневната жалост.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!