ЦК на ВМРО-ДПМНЕ го овласти Мицкоски да преговара за ново парламентарно мнозинство

Од:

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ја потврди одлуката на Извршниот комитет да се овласти лидерот на партијата Христијан Мицковски да преговара за формирање на ново парламентарно мнозинство.

Претседателот на статутарната комисија на партијата Панче Тошковски вечерва по завршувањето на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека одлуката е донесена едногласно.

Покрај ова, на вечерашната седница на Централниот комитет е донесена и одлука за измени на Статутот на партијата кои, како што посочи Тошковски, се во насока на поголема демократизација на партијата.

Една од измените е тоа што се ограничува мандатот на претседателот на партијата, односно тој ќе може да ја води партијата два мандати и евентуално уште еден доколку биде избран со двотретинско мнозинство на конгрес. Новина е и тоа што барање за одржување на вонреден конгрес ќе може да поднесат една половина од членовите на Централниот комитет, а не како досега две третини. Измените предвидуваат и рамноправна застапеност на мажите и жените во органите на партијата.

– ВМРО-ДПМНЕ е првата партија на Балканот која со Статут го ограничува бројот на мандати на високи функционери на партијата, а ова ограничување се пднесува и на претседателот на партијата. Во иднина, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе може да биде претседател само два мандати на регуларен избор и евентуално би можел да добие и трет мандат само доколку биде поддржан од две третини од членовите на конгресот, изјави Тошкоски.

Статутот, како што рече, не предвидува почесни претседатели.

– Овој статут на предвидува почесни претседатели, односно ниту Никола Груевски, ниту било кој поранешен почесен претседател повеќе согласно овој статут не се почесни претседатели, изјави Тошкоски. б

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче