ЦИВИЛ: Споменици, фасади и луксузни огради на сметка на сиромашните

Од:

„Лицемерието на власта нема крај. На удар се и најзагрозените граѓан(к)и во државата. Од оваа година на стотици социјалци им се укинува паричната помош затоа што добиле средства по разни основи. Такви се случаите со лица кои примиле средства од странство за лекување, станале добитници на скромни награди од лотарија и наградни игри или примиле хонорари.

Наспроти лажното намалување на социјалните случаи и континуираното зголемување на бројот на вработени во администацијата стои суровата реалност на луѓето кои одвај преживуваат. Споменици, кичести фасади и луксузни огради се градат врз грбот на сѐ посиромашните граѓанки и граѓани“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ – Центар за слобода најостро ја осудува крајно проблематичната социјална политика на власта која нема никаков слух за растечката сиромаштија во земјата.

„Бараме од власта не само да престане со укинување на социјалната помош на најранливите категории граѓан(к)и, туку да ја зголеми соодветно на нивните потреби. Воедно, ја споделуваме со јавноста и нашата загриженост поради практиките на власта која од најранливите категории во општеството прави клиенти и манипулира со нив во полза на своите дневно-политички потреби“, велат од ЦИВИЛ.

Би можело да ве интересира

22 проценти од населението во Македонија во 2023 година живеело во сиромаштија

Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето

Во Македонија секое трето дете живее во сиромаштија

Левица: Додека функционерите уживаат во луксуз, секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on