ЦИВИЛ: Со лисици на рацете, кутнати на земја, а потоа тепани и понижувани

Од:

„Полицијата безмилосно ги тепаше демонстрантите синоќа. Не само пред седиштето на владата, туку и по улиците во поширокото централно подрачје, по паркинзи, паркови и во библиотеката „Браќа Миладиновци“.

Засега, непознат број граѓанки и граѓани беа тепани, малтретирани и навредувани, а дел од нив и приведувани без никаква основа и објаснување. Според информациите, сѐ уште се во полициски притвор 10 лица во полициската станица Пролет, а 17, вклучувајќи три жени, се во полициската станица во Автокоманда“, пишува во соопштението на ЦИВИЛ.

„Тие, тепани и малтретирани при приведувањето, задржани во полициски притвор цела ноќ, изведени се пред суд и, според нашите извори, на некои од нив им се закануваат со кривично гонење, без никаква основа. И сѐ уште се заложници на дивата и брутална реакција на власта по синоќешните демонстрации.

Според извештаите од теренот, сите приведени биле тепани откако биле совладани, не пружале никаков отпор, биле легнати на земја и имале лисици на нив. Тоа е крајно брутално однесување и кршење на човековите права по сите основи.

Нападот на библиотеката „Браќа Миладиновци“, тепањето и малтретирањето на студентите, кои таму учеле, било спроведено на крајно незаконски начин.

Ги повикуваме сите припадници на полицијата, да не следат команди кои се противзаконски. Имаат право да не почитуваат наредба која е спротивна на Уставот и законите на Република Македонија. Ги повикуваме сите граѓанки и граѓани на воздржување од насилство. Сите повредени, демонстранти и полицајци, се непотребни жртви на погрешните политики на власта.

Бараме итно ослободување на сите бесправно приведени граѓанки и граѓани.

Бараме одговорност за синоќешната бруталност на полицијата“, се вели во писменото соопштение на ЦИВИЛ.

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски