Цивил: Одговорност од сите за да има фер, демократски и слободни избори

Од:

Граѓанската организација Цивил – Центар за слобода ги повикува сите учесници и засегнати страни во изборниот процес да ги почитуваат законите и да се спроведе демократски, фер и слободен изборен процес.

Од политичките партии бараат да го почитуваат Изборниот законик, Уставот и законите на Република Македонија, да го почитуваат изборниот молк и да ги сопрат евентуалните планови, ако такви постојат, за изборен поткуп, притисоци и манипулација на гласачите.

Од родителите и од наставниот кадар бараат да ги почитуваат децата и да ги остават надвор од политиката. Според нив децата не смее да се злоупотребуваат за политички цели и не смее да се вклучуваат во кампањите на политичките партии.

Да се сопре и санкциониура секој обид да се наруши изборниот молк и да се прекршат законите поврзани со изборниот процес. Не смее, порачуваат, да има толеранција за каков и да е притисок, закана или корупција (купување гласови), аплираат од Цивил.

Бараат и ја охрабруваат Државната изборна комисија да ги искористи сите свои законски ингеренции до максимум и да спроведе законит, демократски, фер и слободен изборен процес. – Ингеренциите на ДИК се највисоки од сите досегашни состави на оваа институција и таа се наоѓа на врвот на изборниот процес. ДИК не мора да чека приговори и жалби, туку може да дејствува според сопствени наоди и мислење. Очекуваме на овие избори тоа и да го стори, наведуваат од Цивил.

До членовите на избирачките одбори порачуваат строго да се придржуваат до процедурите и Изборниот законик, да бидат љубезни, професионални и достоинствени во спроведувањето на своите задачи на изборниот ден. Ги охрабруваат да не подлегнуваат на евентуалните притисоци и коруптивно делување на одредени структури.

За секоја информација која им е потребна, треба да се јават на Општинската изборна комисија или на Државната изборна комисија. Секој обид за притисок врз нив да го пријават во полиција, но и Цивил стои на располагање за пријавување на таквите случаи

Цивил ги повикува граѓаните да гласаат слободно, според сопственото убедување.

– Никому не должат ништо. Сè што им ветуваат партиите и кандидатите на било кои избори, всушност, им припаѓа ним, според Уставот и законите на Република Македонија, велат од Цивил.

Граѓанската организација Цивил – Центар има акредитирани 191 набљудувач и затоа, велат, потребна е помош од сите свесни и совесни граѓанки и граѓани, да јавуваат за сите, и најмали, прекршувања на изборниот молк, за сите закани и притисоци, а особено за обидите да се изврши изборен поткуп.

За оние кои нема да се најдат на Избирачкиот список, посочуваат, тоа да го пријават во Цивил.

Потенцираат на внимание на однесувањето на избирачките одбори, партиските набљудувачи, полицијата, приватните агенции за обезбедување и другите учесници во изборниот процес и повикуваат да се пријават нерегуларности.

Цивил упатува повик и до медиумите да бидат непристрасни и професионални.

– Новинарките и новинарите во овој период имаат голема општествена одговорност. Ги охрабруваме да бидат на висина на својата задача и да манифестираат максимална професионална и морална одговорност. За секој проблем со кој се соочуваат, ние им стоиме на располагање, посочуваат во соопштението од Цивил – Центар -Центар за слобода.

Би можело да ве интересира

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари во Скопје

А1он

Арсовска од Ѓорче: Спортски комплекс, уредување на Лепенец, енергетска транзиција, расчистување со депониите за 82 дена

А1он