ЦИВИЛ: Насилството мора да престане, а насилниците да се соочат со полната сила на законот

Од:

ЦИВИЛ – Центар за слобода најостро го осудува физичкиот напад врз новинарот на ТВ 24 во текот на денешните протести. Ова не е изолиран инцидент и станува очигледно дека насилството е дел од имиџот на протестите од самиот почеток.

Се тепаат новинари кои ја вршат својата работа, да ја информираат јавноста за настаните. Се напаѓаат активисти за човекови права и јавни личности. Тоа е неприфатливо и мора веднаш да престане!

ЦИВИЛ – Центар за слобода го повторува својот повик до МВР, веднаш да преземе итни мерки да го спречи насилството врз медиумските работници и воопшто.

Насилниците мора да се соочат со полната сила на законот!

Со сета почит и разбирање кон правото и слободата на протестирање, ги повикуваме учесниците во протестите, да ја согледаат реалноста во земјата и да не подлегнуваат на манипулации и насилнички сценарија чија единствена цел е јасна.

Уште еднаш го потсетуваме МВР на деновите кога истураше тешко вооружени оклопни полициски грамади врз демонстрантите кои навистина мирно протестираа и бараа слобода, правда и демократија. Обезбедувањето на протестите на кои им претходеа отворени повици на насилство е прилично скудно овие денови.

Некогаш тенковско, некогаш тенко обезбедување…

Со која цел? Го потсетуваме Министерот за внатрешни работи дека отсуството на прописна законска реакција е рамно на соучесништво, ако не и поттикнување на насилство, за што ќе мора да одговара еден ден.

Ги повикуваме сите граѓанки и граѓани кои трпат притисоци да учествуваат во било какви политички активности против својата волја, случајот да го пријават во ЦИВИЛ на [email protected], на тел. 02 / 520 91 76 или на ФБ профилот на организацијата.

Би можело да ве интересира

33-годишен скопјанец речиси еден месец психички и физички ја малтретирал поранешната девојка

Насилници од Кавадарци претепаа брачен пар, па им го демолираа и домот

Горан Наумовски

Со тупаници и клоци ги претепале партнерките – притвор за двајца насилници во Скопје

А1он

Притвор за скопјанец – и бараше пари, па почна мајка си да ја дави за вратот

А1он

Напад врз брачен пар и нивната едногодишна ќерка во Аеродром

Горан Наумовски

Група од 50 насилници претепаа маж во Белград, еден од нив му нанел повреди со мачета