ЦИВИЛ: Имавме слободни избори, проблеми во работата на изборната администрација

Од:

Граѓанската организација ЦИВИЛ оцени дека денешните локални избори биле слободни со голем број помали нерегуларности и низа проблеми коишто се однесуваат на работата на изборната администрација, односно Државната изборна комисија и избирачките одбори.

– Педесет и шест проценти од извештаите кои пристигнаа во ЦИВИЛ се однесуваат на проблеми предизвикани од непознавање најмногу на процедурите, но и од проблематично однесување на дел од избирачките одбори, рече вечерва на прес-конференција претседателот на ЦИВИЛ Џабир Дерала.

Над 50 извештаи укажуваат на тоа дека во кочаните биле измешани гласачките ливчиња, дека гласачките ливчиња во една или друга избирачка единица им припаѓаат и на некои од соседна општина. Имало и случаи кога кутиите за лица со посебени потреби не биле поставени на соодветно место.

Од ЦИВИЛ информираат и за два случаи на поткуп на гласачи во село Јурумлери во општина Гази Баба и во битолската населба Баир, каде имало и вербална расправија помеѓу членови на организација „Излези да гласаш“ и група граѓани во битолската населба Баир. Регистрирано е и агитирање во тек на изборен молк на набљудувачи на ДУИ во Куманово, како и инцидент при преборојување на гласовите во избирачкото место 1017/1 во Куманово, каде набљудувачи на „Беса“ тропале на вратата и барале да учествуваат во борењето гласови иако немале овластување.

Според Дерала, по одржувањето на овие избори факт е дека изборната администрација навистина има многу работа пред себе и во делот на Избирачкиот список. Како што рече, над 150 граѓани неможеле да го остварат своето право на глас. – ДИК и по изборите во 2016 година наспроти фактот дека има највиоски ингеренции од кој било состав повторно потфрли. Одговорните во оваа институција треба да се замислат што правеле, што прават и што мислат да прават насокоро затоа што имаме втор изборен круг и други изборни процеси, рече Дерала.

Детални информации за сите неправилности од ЦИВИЛ најавија дека ќе објават во текот на утрешниот ден.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски