Вчера во фоајето на Македонска Опера и Балет, ЦИРА свечено ги додели наградите за филантропја и општествена одговорност.
На повикот за номинации пристигнаа 44 номинации во 12 категории за кои 5 члена комисија составена од реномирани експерти во областа донесе одлука да ги додели следниве награди на:
1. Награда за претпријатие за одговорен однос кон вработени – Алкалоид АД Скопје
2. Награда за претпријатие за одговорен однос кон животната средина – Алкалоид АД Скопје
3. Награда за Корпоративна Филантропија за мало претпријатие –Компанија Поповски
4. Награда за Корпоративна Филантропија за средно претпријатие –ТТК Банка АД Скопје
5. Награда за Корпоративна Филантропија за големо претпријатие–ОNE Телекомуникациски услуги АД – Скопје
6. Награда за претпријатие за севкупна посветеност кон општествената одговорност за големо претпријатие – Комерцијална Банка АД Скопје
7. Награда за развој на филантропски практики за здружение на граѓани – Црвен крст на Република Македонија
8. Награда за развој на филантропски практики за медиум –Медиа Принт Македонија
9. Награда развој на филантропски практики за институција – Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје
10. Награда за индивидуален Филантроп од Македонија –Г-дин Горан Поповски
11. Награда за индивидуален Филантроп од Дијаспората – Г-дин Ибраим Колари
12. Специјална Награда за компанија која во измината година има спроведено најкреативна кампања поврзана со општествената одговоност – Тинекс
Центарот за институционален развој (ЦИРА) по петти пат ги додели Наградите за филантропија и општествена одговорност за 2011 година, на компаниите кои практикувале општествено одговорни практики во одредени категории.
Целта на наградите е да се препознаат добрите практики на одговорно делување, да им се оддаде признание на правните субјекти и индивидуалците за нивниот придонес кон заживување и развој на вредностите како солидарност, почит, етичност, хуманост и добротворство и да се мотивираат останатите субјекти за примена на вакви практики.
На настанот беа промовирани и трите ТВ спота во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и градење на инфраструктура за поддршка за мобилизација на локални ресусрси и развивање на економски активности” кој беше финансиран од Европската унија преку Инструментот за предпристапна помош – ИПА 2008, чија цел е мотивација на Македонските компании и граѓани за примена на овие вредности.