ЦИРа свечено ги додели наградите за филантропија и општествена одговорност за 2012 година

Од:

На 11 јули 2013 година во х. Александар Палас, ЦИРa свечено ги додели Наградите за филантропија и општествена одговорност за 2012 година.

Наградите за филантропија и општествена одговорност традиционално се дел од годишните активности на ЦИРа, и оваа година тие се одржуваат по шести пат, во годината кога ЦИРа ја слави десетгодишнината од своето постоење.

Целта на наградите е да се препознаат добрите практики на одговорно делување и да им се оддаде признание на граѓанските организации, институции, медиуми, компании и индивидуи за нивниот придонес кон заживување и развој на вредностите на солидарност, хуманост, општествена одговорност и добротворство преку практиките на донирање и поддршката на поединци и заедници во неволја за 2012 во Република Македонија. Оваа година Наградите за филантропија и општествена одговорност се финансирани од Европската унија преку програмата за јакнење на граѓанското општество во рамки на проектот SIGN за одржливост,  каде што ЦИРа е вклучена како партнерска организација одговорна за активностите во Македонија.

На повикот за номинации оваа година пристигнаа вкупно 42 номинации.

Извршниот директор на ЦИРа, г. Зоран Стојковски на самиот настан ги поздрави присутните и изјави:

„Длабоко сум уверен дека сите 42 номинирани апликации, заслужуваат награда, благодарност од сите нас овде, затоа што прават нешто што е повеќе од вообичаеното, прават нешто со кое помагаат на другите. Наградите кои ги доделуваме се ништо повеќе од искажување една голема БЛАГОДАРНОСТ за оние кои ,минатогодишните добитници- членови на комисијата за оценка, сметаа дека покажале најголем степен на одважност, инвентивност и грижа“, рече Стојковски.

Петчлената комисија донесе одлука да ги додели следниве награди на:

1. Награда за претпријатие за одговорен однос кон вработени – Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје
2. Награда за претпријатие за одговорен однос кон животната средина – Раде Кончар – Сервис
3. Награда за корпоративна филантропија за мало и средно претпријатие – Адора инженеринг ДООЕЛ експорт-импорт
4. Награда за корпоративна филантропија за големо претпријатие – Тинекс МТ ДООЕЛ експорт-импорт
5. Награда за претпријатие за интегриран пристап кон општествената одговорност за големо претпријатие – Алкалоид АД Скопје
6. Награда за претпријатие за интегриран пристап кон општествената одговорност за мало претпријатие-Раде Кончар ТЕП
7. Специјална награда за иновативен пристап во промовирањето на филантропијата и поддршката на локалното донирање- Здружение на граѓани „Хуманост без граници’
8. Награда за развој на филантропски практики за здружение на граѓани – ДАНУ Филантропија ЈИЕ
9. Награда за развој на филантропски практики за медиум – Капитал Медиа Груп
10. Награда за индивидуален Филантроп од Македонија – г-а Магдалена Манева
11. Награда за индивидуален Филантроп од Дијаспората – г. Ило Тодев
12. Награда за животна посветеност на филантропското делување – г-а Есма Реџепова
13. Награда за Институција за придонес кон креирање на позитивно опкружување за развој на филантропијата на локално ниво – Општина Карпош
14. Награда за Институција за придонес кон креирање на позитивно опкружување за развој на филантропијата на национално ниво– Универзална Сала

Би можело да ве интересира

Доделени наградите за филантропија ОКО

Ана Ололовска

Доделување награди за филантропија

Ана Ололовска

Доделени наградите ОКО за филантропија за 2016 година

Ана Ололовска

Доделување на наградите за филантропија ОКО

Наум Локоски

Промовирање филантропија во Охрид и Струга

Емир Латифовиќ

Потпишан Меморандум за проект за развој на социјално претприемништво

Емир Латифовиќ