Доделени наградите ОКО за филантропија за 2016 година

Од:

Наградите за филантропија ОКО за 2016 година што ги доделува организацијата „Хорус’ беа врачени синоќа на свеченост во М6 Едукативниот центар во Скопје.

Цел на наградите за филантропија ОКО е да се препознаат и јавно истакнат компаниите, здруженијата и фондациите, граѓаните и медиумите кои несебично, долгорочно и на стратешки начин го помагаат и поддржуваат развојот на заедницата и да го промовира и стимулира развојот на филантропијата во Република Македонија.

– Наградите ОКО им даваат можност на граѓаните, јавните институции, граѓанските организации и крајните корисници на донациите јавно да ја искажат својата благодарност кон донаторите. Од друга страна, наградите им даваат можност и на самите донатори да добијат поголема поддршка од јавноста за проектите во кои веруваат и со кои навистина придонесуваат кон заживување и развој на вредностите како солидарност, почит, етичност, хуманост и добротворство, соопштија организаторите на манифестацијата.

Годинашни добитници на наградите ОКО по категории се: Фондација Елена Лука за здружение/фондација за посебен придонес кон развој на филантропските практики во РМ, за новинар/медиум за посебен придонес кон развој на филантропските практики Сунчица Стојановска Зоксимовска, ОКО – Специјална награда за воспоставено долгорочно-стратешко партнерство помеѓу деловниот и граѓанскиот сектор (заедничка награда за претпријатие и здружение/фондација) на АВОН Македонија и Здружение Кризен центар ,,Надеж” Скопје.

ОКО – наградата за корпоративна филантропија за мало претпријатие ја понесе Пакомак доо Скопје, наградата за корпоративна филантропија за средно претпријатие Адинг ад Скопје, наградата за корпоративна филантропија за големо претпријатие ја доби Стопанска банка ад Скопје, за индивидуален филантроп од дијаспората Семејство Фејзулаи од Норвешка и наградата ОКО за индивидуален филантроп од Република Македонија ја понесе Кристина Арнаудова Петровски.

Наградите за филантропија ОКО се реализираат во рамки на проектот СИГН за одржливост имплементиран од ХОРУС, како организација – членка на СИГН – регионалната мрежа на локални фондации од Западен Балкан, а со финансиска поддршка на Европската унија и Балканскиот фонд за демократија.

Би можело да ве интересира

Доделени наградите за филантропија ОКО

Ана Ололовска

Доделување награди за филантропија

Ана Ололовска

Доделување на наградите за филантропија ОКО

Наум Локоски

ЦИРа свечено ги додели наградите за филантропија и општествена одговорност за 2012 година

Емир Латифовиќ

Промовирање филантропија во Охрид и Струга

Емир Латифовиќ

Потпишан Меморандум за проект за развој на социјално претприемништво

Емир Латифовиќ