Промовирање филантропија во Охрид и Струга

Од:

Промоција на филантропијата во Југозападниот регион е целта на проектот „Филантропија-Човекољубие на дело” што во текот на наредните неколку месеци ќе биде реализирано на подрачјето на општините Охрид и Струга.

Станува збор за проект што со заеднички сили ќе го спроведат Здружението на граѓани „Локална Агенција за Развој”, Струга како дел од програмата на „ЦИВИЦА Мобилитас” имплементирана од Центарот за институционален развој „ЦИРа“, со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка „СЦД“.

Во рамки на проектот ќе бидат спроведени низа активности за поттикнување на компаниите и индивидуалците да се здружат и да го донираат своето знаење, време или средства во локалните заедници на еден стратешки и фокусиран начин, со цел да се постигне долгорочно и позитивно влијание во сите општествени сфери. Ќе се спроведе и директно истражување на терен, насочено кон согледување на досегашните практики на донирање во двете општини, со што ќе се добие слика, за што, колку и на кој начин се донирало во претходниот прериод.

– Врз основа на тие податоци ќе биде направен каталог со успешни донации кој ќе придонесе за понатамошна промоција на филантропијата и ќе ги уважи постојните филантропи. Покрај лоцирањето на филантропите, истражувањето ќе има за цел да утврди и локални проекти, што би можеле да се реализираат во иднина, изјави Елена Михајловска, истражувач во проектот.

На крајот од проектот ќе биде организиран специјален настан на кој ќе се презентираат резултатите од проектот, ќе се прибираат средства за финансирање на избрани активности од претходно направеното истражување и ќе им се доделат пригодни награди на најголемите локални филантропи.

Би можело да ве интересира

Доделени наградите за филантропија ОКО

Ана Ололовска

Доделување награди за филантропија

Ана Ололовска

Доделени наградите ОКО за филантропија за 2016 година

Ана Ололовска

Доделување на наградите за филантропија ОКО

Наум Локоски

ЦИРа свечено ги додели наградите за филантропија и општествена одговорност за 2012 година

Емир Латифовиќ

Потпишан Меморандум за проект за развој на социјално претприемништво

Емир Латифовиќ