Ципрас во вторник во Скопје

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во вторник на 2 април ќе ја посети Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Делегацијата што ќе ја предводи Ципрас ќе биде пречекана на аеродромот во Скопје, по што следува свечен пречек со високи државни почести на платото на Владата на Република Северна Македонија. Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе имаат билатерална средба, а потоа и зедничка прес-конференција во Владата. Ќе биде одржана и меѓувладина седница.

Предвидено е грчкиот премиер да има средба и со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Во попладневните часови премиерите Заев и Ципрас ќе учествуваат на бизнис форум.

Грчкиот премиер доаѓа во Скопје и со бизинис делегација што ќе сочинуваат преставници на над 70 големи и средни компании.

Делегацијата е поддржана од грчката компанија за инвестиции и надворешната трговија „Enterprise Greece“, надлежното државно тело, под надзор на Министерството за економија и развој, за привлекување инвестиции во Грција и за промоција на извозот.

Би можело да ве интересира

Снег падна во Грција – наставата во училиштата прекината, сообраќајот е во хаос

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Грците ги затвораат патиштата и граничните премини

Воздушниот простор над Грција е целосно затворен

Планинари пронајдени мртви

Предраг Петровиќ

Грција e под притисок: Земјоделците ги држат патиштата блокирани