Ципрас упати честитка до премиерот Заев по повод преземањето на должноста

Од:

Премиерот на Република Грција, Алексис Ципрас, денеска упати честитка до претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, по повод преземањето на премиерската должност.

-По повод преземањето на Вашите должности како Премиер, ви изразувам честитки и најдобри желби за успех, истакнува премиерот на Грција, Алексис Ципрас.

-Република Грција останува посветена на промовирањето на стабилноста, безбедноста и соработката во Југоисточна Европа. Врз основа на ова, мојата Влада е спремна тесно да соработува со Вашата, со цел да ја зајакнеме нашата билатерална соработка и односи, вклучително и преку тековните мерки за градење доверба, додава Ципрас.

-Уверен сум дека Вашата Влада ќе покаже политичка решителност да работи на промовирање на позитивна агенда за нашите билатерални односи, оставајќи ги зад себе, еднаш засекогаш, анахронизмите од минатото и фокусирајќи се на иднината на нашите земји и регионот. Во очекување сум на блиска соработка со Вас, почитуван колега, стои во честитката на грчкиот премиер Алексис Ципрас до премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето во Грција однесе две жртви

Снежна бура во Грција, училиштата затворени во неколку региони

Снег падна во Грција – наставата во училиштата прекината, сообраќајот е во хаос

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Грците ги затвораат патиштата и граничните премини

Воздушниот простор над Грција е целосно затворен