ВИДЕО: Ципрас го цитира Блаже Конески во порака на поддршка за Заев

Од:

Претседателот на грчката партија Сириза и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, цитирајќи ги македонските поети Блаже Конески и Владимир Мартиновски, во видеопорака вели дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев и неговата партија отвориле ново прогресивно поглавје во историјата на Северна Македонија, но и на европскиот Балкан и дека таквото поглавје базирано на соработка, економски напредок и социјална правда може да продолжи само со Заев на чело на идната влада во земјава.

Ципрас денеска упати видео порака со поддршка за Заев, СДСМ и коалицијата „Можеме“.

– Пред две и пол години го запознав Зоран Заев. Го препознав во него истото она што го покажуваат многу други лидери. Дека тој не зборуваше за минатото, туку за иднината. Тој не зборуваше за проблеми, туку за решенија. Тој не ги изразуваше балканските несигурности на мала европска земја која се плаши да ја изгуби својата историја, тој ја искажа европската визија за самоуверена балканска земја која се бори за создавање историја. Не историја со војни, нетолеранција и сиромаштија, туку ново прогресивно поглавје во историјата на Европски Балкан, базирано на заемна почит, соработка, толеранција, економски развој и социјална правда. Иднина во ЕУ и во НАТО, како што избра народот на Северна Македонија, истакува Ципрас во видео пораката.

Три години не се доволни за да се исполнат очекувањата на една земја, но како што докажале Заев, Никола Димитров и социјалдемократите, доволни се за да ја сменат судбината засекогаш, вели Ципрас.

– Има уште многу работа во ова ново поглавје од историјата и таа може да се направи само под водство на прогресивен и храбар лидер како Зоран Заев. Пред многу години, вашиот голем поет Блаже Конески напиша:
„Уште рика истата мака во мене, дека сум роден во смачкано племе, сејач на глуво семе“. Но, во последните две години откако го потпишавме Преспанскиот договор, слушам различна песна на надеж, од новата генерација на Северна Македонија. Владимир Мартиновски вели: „Купете две векни мир и семе, да го израснеме назад загубеното време.“ Па, и јас, заедно со оваа нова генерација, велам, на 15-ти јули, купете две векни мир и семе, да го израснеме назад загубеното време, порача Ципрас во својата видео порака.

Би можело да ве интересира

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он