А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ципрас: Доколку Скопје се откаже од изјавите дека се единствени потомци на Александар Велики, може да се најде заедничко решение

by А1он09/12/2017 - 13:4009/12/2017 - 14:58249
Share0

Доколку Скопје одлучи да направи позитивни чекори напред, ќе има позитивни случувања во однос на прашањето со Македонија, оценува грчкиот премиер Алексис Ципрас. Тој очекува во 2018 година да се случи пресврт пошироко на Балканот.

Добивај вести на вибер

– Сметам дека 2018 година може да биде година од пресудно значење за разни други прашања кои се однесуваат на оваа област. Би ја искористил приликата да ги споменам и проблемите со кои со години се занимаваме со Поранешната Југословенска Република Македонија. Како што рече и мојот пријател Борисов прашањето за Скопје можеби во 2018 година ќе донесе некои позитивни случувања доколку новата Влада во Скопје одлучи да направи позитивни чекори напред и кон решавање на тој проблем. Ако тие се откажат од реториката и изјавите дека се тие единствените потомци на Александар Македонски и од своите иредентистички тврдења, тогаш можеби и би можеле да најдеме некое заедничко решение. Во тој случај, јас ќе бидам првиот кој ќе ја гарантира европската перспектива, безбедност и сигурност на таа земја. Знаете, ние сакаме да направиме иднина во која сите мирно заедно ќе живееме и ќе соработуваме. Тоа што не дели е помало и го има помалку во однос на тоа што не соединува, рече Ципрас на заедничка прес-конференција во Белград со премиерите на Бугарија и Романија, Бојко Борисов и Михај Тудосе и претседателот на Србија Александар Вучиќ.

За остварување на таа цел сите земји треба да преземат некои чекори, смета Ципрас.Таа цел, како што рече, бара да направиме јасни резови, да заземеме јасни позиции по прашања кои се од клучно значење.

– Ние четворицата сме целосно убедени дека треба да одиме напред, да преземеме и направиме храбри чекори и уште повеќе да ја зајакнеме соработката како би ја направиле 2018 пресвртница за нашите земји, за Балканскиот регион и воопшто за Европа и главно за нашите луѓе, затоа што луѓето се тие кои ние сакаме да ги заштитиме, рече Ципрас на прес-конференцијата во Белград.

Ciprasgrcija

Би можело да ве интересира

Снег падна во Грција – наставата во училиштата прекината, сообраќајот е во хаос

А1он12/01/2026 - 17:52

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Горан Наумовски08/01/2026 - 10:04

Грците ги затвораат патиштата и граничните премини

Горан Наумовски05/01/2026 - 19:27

Воздушниот простор над Грција е целосно затворен

Катерина Ѓуровски04/01/2026 - 13:15

Планинари пронајдени мртви

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 15:0927/12/2025 - 15:10

Грција e под притисок: Земјоделците ги држат патиштата блокирани

Горан Наумовски26/12/2025 - 21:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен