• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

„Циганиве на Кале горе ги влечат а“, вели Јанакиески за локалните избори во 2013

by А1он18/10/2018 - 10:1818/10/2018 - 14:47203
Share0

Во кривичниот суд во Скопје утрово продолжи судењето за предметот „Титаник” каде во судницата ќе бидат пуштени 500 необјавени телефонски разговори за изборни измами.

Добивај вести на вибер

На еден од телефонските разговори направен на денот на локалните избори, 24 март 2013 година се слуша како ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески се распрашува за динамиката на гласањето на ромите во Центар и останатите општини.

– Како одат Циганиве, горе на Кале ги влечат а? До 5 да си ја завршат работата да не чекаат покасно, вели Јанакиески во разговор со активист од ВМРО-ДПМНЕ.

Од разговорите исто така може да се слушне како Јанакиески им вели на претседателите на месните комитети да ги притиснат членовите и пензионерите да „носат“ гласови.

– Нека вртат, нека вртат по пензионери, Комити-момити, нека излегуваат, вели Јанакиески.

Покрај излезноста на изборите, главен проблем на ексминистерот и сопартијците се активистите и членовите на СДСМ кои, како што може да се слушне од разговорите, се на секаде низ избирачките места.

– Кај „апче“ и во Гази Баба има многу комуњари, да ги казниме некако, предложува Јанакиески.

Во „Титаник“ обвинети се 21 лице, меѓу кои, поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Виктор Јованов

sjotitanik

Би можело да ве интересира

Кејт Винслет за темната страна на славата по успехот на „Титаник“: Се плашев да заспијам!

А1он22/12/2025 - 15:27

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Предраг Петровиќ26/01/2024 - 16:02

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Катерина Ѓуровски28/11/2023 - 10:23

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Катерина Ѓуровски16/11/2023 - 12:04

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Александар Тодески18/09/2023 - 12:36

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески18/09/2023 - 10:0718/09/2023 - 12:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен