Циц: Граѓаните да останат мирни, кризата да заврши со елиминација на вооружената група

Од:

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски – Циц вели дека ситуацијата е драматична во градот, но апелира граѓаните да останат мирни и присебни и да не подлегнуваат на провокации, пренесе Макфакс.

„Апелирам до граѓаните да останат мирни, да сочуваат присебност, да не се вклучат во никакви групи заради етнички поделби, зошто сите контакти со политичките партии и граѓанските организации, особено албанските, велат дека никој не дава поддршка и кризата треба да се заврши со елиминација на оваа група и враќање на мир и спокојство на граѓаните во Куманово“, вели градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски – Циц.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски