Чупи: Ќе реализираме проекти за подобар живот во Дебар

Од:

Кандидатот за градоначалник на Дебар од движењето „Беса“, Џемал Чупи заедно со локалното партиско раководство, како и кандидатите за советници во рамки на изборната кампања денеска имаа повеќе средби со граѓани на Дебар.

Кандидатот за градоначалник ја презентираше изборната програма под мотото „За нов живот во Дебар“, во која се предвидени низа проекти кои се во интерес на економскиот развој на општината и сите нејзини жители.

– Предвидуваме многу значајни проекти,со чија реализација Дебар ќе го направиме посакувано место за живеење. Нашите главни заложби се борба против корупцијата, урбаната мафија, политичкиот притисок и диктатура, борбата против непотизмот и политизација на училштата, активност за заштита на животната средина, развој на туризмот и секако развој на економијата, со создавање поволни услови за привлекување странски инвестици, посочи Чупи.

Тој вети решавање на проблемот со градската депонија, проект во сферата на инфраструктурата и посебно, поддршка за развој на спортот.

На средбата носителот на кандидатската листа за советници, Фисник Меља, рече дека во листата што ја предводи се наоѓаат млади образовани,стручни и вредни лица, кои „од се срце си го сакаат родното место“.

– Ќе соработуваме со сите советници, граѓанскиот сектор, институциите и одлуките кои ќе ги донесуваме ќе бидат единствено во интерес на Дебар и населенето, вети Меља.

Би можело да ве интересира

Повторно е одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Веапоска

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ

Илиевски: Во Брвеница во четиригодишниот мандат ставивме акцент на младите, реконструиравме училишта, градевме спортски сали, игралишта