Чулев: Засега немаме отворено предистражна постапка за начинот на финансирање на одредени медиуми

Од:

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во врска со објавата на словенечкиот портал „Нецезурирано“ дека медиуми во државава и во Словенија се финансираат со пари на компании блиски на партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, денеска истакна дека засега немаат отворено предистражна постапка на овој план.

Ќе разговарам со колегите од соодветните надлежни организациски единици во МВР и доколку има согледувања дека има потреба да се отвори во таа насока ќе ве информираме, рече Чулев одговарајќи на новинарско прашање.

Словенечката полиција претходно потврди дека Националното биро за истраги води предистражна постапка за начинот на кој се финансираат одредени медиуми во земјата.

Како што објави “Телевизија Словенија”, се работи за медиуми за кои се сметаат за блиски на “Словенечка демократска партија” (СДС) на Јанез Јанша, која имала блиска соработка со “Фидес” на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, последните истраги на словенечките власти доаѓаат по анализата која беше вчера објавена на порталот Нецензурирано.

Според порталот, “најмалку четири милиони евра, компании блиски до Орбан дале за финансирање на медиумско-политичко-разузнавачка операција во Словенија и Северна Македонија”.

Новинарте на “Нецензурирано” пишуваат дека за овие тврдења имаат документи, кои меѓу другото давале и делумен увид во ширењето на унгарското влијание на Балканот.

Според порталот од две унгарски и една англиска компанија кои биле блиски на партијата “Фидес”, пари „легнале” на сметка на словенечка компанија, па од таму еден и пол милиони евра биле искористени финансирани за медиуми блиски до Јанез Јанша, а два и пол милиони евра биле дадени четири медиуми во Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он

МВР: Уапсени се повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

Акција против нелегални медицински третмани: Полицијата во повеќе здравствени институции прави контроли

Горан Наумовски

МВР: Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

А1он

Орбан: Постои опасност – сè што сме изградиле може да биде изгубено

Анкетите покажуваат дека опозициската партија Тиса води со убедлива разлика пред изборите во недела