Чулев: Сериозни злоупотреби од власта на СДС и ДУИ во безбедносно – разузнавачкиот систем

Од:

Поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев ја обвини претходната влада за сериозни злоупотреби во безбедносно-разузнавачкиот систем.

„Безбедносно – разузнавачките институции не се реформирани, а во нивните рамки се направени сериозни злоупотреби кои мора да бидат предмет на истрага од страна на Јавното обвинителство, предупредува Чулев.

Според него, овие злоупотреби се потврда за користење на институциите за следење и негативно етикетирање на личности, како и за обиди за спречување на промена на власта.

„Во контекст на наводите објавени од премиерот Христијан Мицкоски за фабрикувани конструкции за пара-полициски вооружени формации, јавно го повикувам Обвинителството да истражи зошто ваквите информации не беа доставени до МВР, иако тоа експлицитно го побаравме во неколку наврати. Имено, по преземањето на функцијата технички министер, побарав писмено, но и во рамки на работен состанок, од надлежните институции да достават информации за потенцијални безбедносни ризици во пресрет на одржување на изборите. Вакви информации, до мене, МВР, но и до владата и Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во тој период воопшто не беа доставени.

Тука се поставува јавно прашањето: доколку институциите располагале со такви информации за сериозни безбедносни закани, зошто истите не беа доставени до надлежните институции во исклучително сензитивниот предизборен период и покрај тоа што истото во неколку наврати беше побарано од моја страна? Неопходно е јавното обвинителство да отпочне активности за решавање на овие отворени прашања и утврдување на сите инволвирани лица и незаконски дејствија“ вели Чулев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Чулев: Граѓаните чекаат за документи во нехумани услови, Спасовски на товар на граѓаните прави екскурзии низ САД

А1он

Чулев: Употребата на полицискиот хеликоптер за политички цели е класична злоупотреба, ДКСК да го истражи случајот

Дисциплинска за началникот од МВР кој напиша „Да живее Палестина“ на Фејсбук

Катерина Ѓуровски

Чулев: Не се пречка уставните измени за евроинтеграциите, туку високата корупција

Чулев: МВР на Спасовски извршило неправилен избор, „Индустри сервис“ има неправилно пополнета спецификација

(ВИДЕО) Чулев: Спасовски доделил речиси 13 милиони евра на компанија на чие отворање самиот присуствувал