Чулев: МВР има поднесено пријави за 85 кривични дела за семејно насилство од април до мај

Од:

Министерството за внатрешни работи регистрира зголемен број на поплаки од граѓани за извршено семејно насилство. Техничкиот министер, Наќе Чулев, кажа дека бројот на поплаките е зголемен за 44,6 проценти во однос на истиот период ланската година, а за еден месец, МВР има поднесено и пријави за 85 кривични дела поврзани со семејно насилство.

„Од 12 април до 12 мај, Секторот за аналитика во рамките на МВР има статистика според која во овој период МВР има поднесено 85 кривични дела во врска со семејно насилство, а најмногу се од СВР Охрид, СВР Скопје и Струмица. Во врска со семејно насилство поднесени се 49 прекршоци против 54 сторители. Има констатирано 373 поплаки од граѓаните за семејно насилство што е зголемување од 44,6 отсто во однос на истиот период лани“, рече Чулев.

Тој ги повика граѓаните кои се жртви на семејно насилство, тоа да го пријавуваат со цел ургентно постапување на полициските службеници.

Би можело да ве интересира

Кумановец ја претепал сопругата – и скршил три ребра

Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство, жртвите сè повеќе се охрабруваат и пријавуваат

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Тројца уапсени за семејно насилство, седум пријави во последното деноноќие

А1он

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Нови пријави за семејно насилство во Македонија

А1он