Чулев: МВР е заложник на политички игри, а вработените жртви на политичките одмаздувања

Од:

„На нешто повеќе од еден месец по завршување на изборите, за жал морам да конститирам дека Министерството за внатрешни работи е заложник на политички игри, а вработените во оваа институција се жртви на политичките пресметки, одмаздувања и реваншизам. Денес Министерството за внатрешни работи е политички заробена институцијата, повеќе од било кога. Ниту една реформа која се спроведе во минатото за жал не успеа да ја отргне политиката од оваа важна и значајна институција, која треба да биде гарант и заштитник на безбедноста на државата и граѓаните“, се вели во реакцијата на поранешниот министер Наќе Чулев за распоредувањата во МВР.

❗ На нешто повеќе од еден месец по завршување на изборите, за жал морам да конститирам дека Министерството за внатрешни…

Posted by Наќе Чулев on Среда, 26 август 2020

„Изминатиот период, интензивно сум во комуникацијата со моите колеги од Министерството за внатрешни работи и тие често ме информираат дека трпат сериозни политички притисоци, а истите информации ги добивам и од членовите на неколкуте полициски синдикати. Сведок сум на неколку десетици примери каде вработени во Министерството за внатрешни работи тенденциозно и злонамерно се деградирани и распоредени на работни места кои што не се соодветни со нивната стручна и физичка подготвеност, а има и случаи каде вработените се упатувани на работни места кои се повеќе од 50 километри одалачени од местото на живеење. Па така вработен од Куманово се распоредува на работно место во Матејче, вработен од Охрид во Струга, колега од Кавадарци се распоредува на работа во Прилеп. а раководно лице од Прилеп е прераспоредено на работа во Битола, а тие со место на живеење во Битола се распоредува на работно место во Македонски Брод“, пишува Чулев.

„Конкретните примери говорат за деградирање на професионалци со сериозно и значајно искуство во работата, со голем број меѓународни и домашни обуки позади себе и исклучителни резултати во работењето.

Факт е дека станува збор за постапки кои се спротивни на законските прописи во државата и од тие причини ги поттикнувам колегите овие одлуки да ги оспорат пред надлежните институции и своите права да ги бараат пред соодветни органи. Но, истовремено ги поттикнувам за сите овие случаи да ги информираат преставниците на меѓународната заедница во нашата државата, а нив ги повикувам јавно да ги осудат постапките кои се спротивни на заложбите за професионализација и деполитизација на полициските структири. Апелирам до полициските синдикати да ги осудат сите постапки кои се спротивни на законот за полиција и законот за внатрешни работи и цврсто да застанат во одбрана на правата на вработените“, истакува поранешниот министер.

„Професионална и одговорна полиција која ќе ги штити граѓаните се гради исклучиво со професионален, одговорен и чесен пристап. Политичките поделби и реваншизмот да го оставиме за во сообранието и во медиумите каде политичарите ја водат таа „битка“. Евроатланските процеси и нивното успешно завршување бараат цврст, одговорен пристап при менаџирањето на оваа значајна институција која ќе ги штити граѓаните и која ќе води бескомпромисна борба со организираниот криминал и корупција“, додава Наќе Чулев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски

МВР: Петмина гласачи си ги фотографирале гласачките ливчиња

Горан Наумовски

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи во Кочани и Берово подготвени за претстојниот Изборен процес