Чулев ќе и предложи на Владата да додели награда од 15.000 денари за секој вработен во МВР

Од:

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, ќе и предложи на Владата да додели награда од 15.000 денари за секој вработен во Министерството за внатрешни работи, поради, како што вели, придонесот во справување со коронавирусот.

„Уредбата ги опфаќа сите полициски службеници, вработените во управните служби и останатиот административен персонал во Министерството за внатрешни работи кои целиот овој период неуморно и пожртвувано даваат се од себе во првите редови во справувањето со коронавирусот. Немам никаква дилема дека тие со својот труд и ангажман го заслужуваат ова и очекувам Владата на првата наредна седница да ја усвои оваа уредба“, напиша Чулев на социјалните мрежи.

Тој додава дека здравјето и животот на вработените се приоритет и посветен е кон вреднување на нивниот придонес во остварување на целите на МВР.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби