Чулев: Издадени решенија за изолација на 651 лице, а 346 потпишале изјави за самоизолација

Од:

На територијата на целата држава на вкупно 651 лица им се издадени решенија за изолација, а 346 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што евидентирани се три лицa кои не ги почитувале овие мерки, а во државен карантин се спроведени вкупно 170 лица, објави денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

– Полициските службеници се во првите редови во справување со пандемијата од КОВИД-19 и тие во континуитет преземаат мерки за контрола на почитување на одлуките на Владата. Во таа насока, од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 20327 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 618 прекршоци во изминатото деноноќие, напиша на својот Фејсбук профил Чулев.

Тој посочува дека во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 187 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

Чулев, исто така, апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски