Чулев: Ако чесното, а не криминално работење за Шилегов е „лудо“, тогаш може да ме нарекува така

Од:

„Во текот на вчерашниот ден ја прочитав изјавата на Шилегов во која го споменува моето име и да бидам искрени ниту сум изненаден, а ниту пак вознемирен. Денешната изјава е само одраз на вистинската личност на Петре Шилегов која во изминатиот период ја задскрива зад градоначалничка позиција глумејќи чесен и одговорен политичар.

За мене е премногу ниско да се впуштам во коментирање на неговите изјави, затоа што тие не се достојни, а ниту се ниво за мое коментирање. Истовремено тие се параван за задскривање на неговата неспособност и некомпетеност. Само на кратко ќе констатирам дека доколку мојот чесен и одговорен пристап во работата и грижата за граѓаните и нивното здравје за Шилегов е „лудо“, тогаш слободно може да продолжи да ме нарекува така. Ако чесното, а не криминално работење за Шилегов е „лудо“ и тогаш може да ме нарекува така“, реагира техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев на вчерашната изјава на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

„Граѓаните за мене се најважни и во таа насока ги информирам дека Министерството за внатрешни работи веднаш презеде активност и случајот за кој тој обвинува е расчистен во целост.

Јавноста треба да биде сигурна дека и понатаму ќе постапувам исклучиво во согласност со законите и во интерес на државата и колку и тоа да биде „лудо“ во очите на политичари од власта воопшто нема да ме поколебаат во оваа моја намера“, вели Чулев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Чулев: Граѓаните чекаат за документи во нехумани услови, Спасовски на товар на граѓаните прави екскурзии низ САД

А1он

Чулев: Употребата на полицискиот хеликоптер за политички цели е класична злоупотреба, ДКСК да го истражи случајот

Дисциплинска за началникот од МВР кој напиша „Да живее Палестина“ на Фејсбук

Катерина Ѓуровски

Чулев: Не се пречка уставните измени за евроинтеграциите, туку високата корупција

Чулев: МВР на Спасовски извршило неправилен избор, „Индустри сервис“ има неправилно пополнета спецификација

(ВИДЕО) Чулев: Спасовски доделил речиси 13 милиони евра на компанија на чие отворање самиот присуствувал