Членови на СДСМ со ултиматум до Заев: Да се изјасни за рудникот Иловица или нема да излеземе на референдум

Од:

Членовите на СДСМ од Иловица и Штука му поставија ултиматум на премиерот Зоран Заев – да се изјасни за рудникот во Иловица или тие нема да излезат на референдумот на 30 септември, велат од еколошкото здружение „Здрава котлина“.

„На состанок во средата членовите на СДСМ жестоко го критикуваа градоначалникот на Босилово Зоран Зимбаков заради тоа што тој го промени својот став во врска со отворањето на рудникот: имено, во кампањата за локалните избори тој беше против рудникот, но подоцна се случи ретерирање, па така на консултативната средба со владата што ја имавме во јули, тој излезе со нејасен, двосмислен став, кој остави простор за многу сомнежи. Накусо, на завчерашниот состанок тој бил директно предупреден дека доколку не излезе јавно да се заложи против рудникот, членството масовно ќе ги искине партиските книшки. Тој се обидувал да се оправда, но на крајот морал да вети дека ќе излезе во јавноста. Го очекуваме“, велат од еколошкото здружение „Здрава котлина“.

Од таму велат дек Заев мора што поскоро да се изјасни дали ќе го сопре рудникот или не.

„Сепак, она што е уште позначајно од овој состанок е фактот дека членовите на СДСМ побарале тој итно да стапи во контакт со премиерот Зоран Заев и да му пренесе дека Иловица и Штука бараат тој да дојде и пред граѓаните од сите околни села, без оглед на партиската припадност, и конечно да се изјасни дали ќе го сопре рудникот или не. Во спротивно, му било порачано дека никој нема да излезе на референдумот. Практично, му дале еден вид ултиматум“, се вели во соопштението.

Од таму велат дека нема да навлегуваат во прашањето за референдумот, но сметаат дека овој состанок и пораките што Штучани и Иловчани му ги испратиле на премиерот Зоран Заев, на градоначалникот Зоран Зимбаков, но и на другите раководни партиски структури, се исклучително важни за претстојната разврска.

„Ножот е дојден до коска и повеќе одолговлекувања и отстапки не може да има. Очекуваме дека партиските структури и од другите села, вклучително и од Општина Струмица, Општина Ново Село и Општина Василево, ќе се солидаризираат против заедничката животна опасност и конечно ќе им дадат до знаење на раководствата дека немаат намера да бидат жртви на туѓи профитерски интереси и дека сите масовно ќе застанат во одбрана на Струмичката Котлина. Ова е почеток на масовниот отпор против рудникот на смртта“, велат од „Здрава котлина“.

Би можело да ве интересира

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Ќе успее ли Македонија да ќари од рекордното поскапување на бакарот на светските берзи?

А1он

Кој ќе ја плаќа отштетата за пропаднатите рударски инвестиции?

А1он

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

(ВИДЕО ) „Еуромакс ресоурцес“ со последна опомена до власта да го почитува законот, пред да почнат арбитража тешка милијарди евра

A1on