Член на Судскиот совет им е лут на телевизиите – го нарекле криминалец и џелат на судството

Од:

Владе Богдановски, член на Судскиот совет, денеска побара да се расправа за начинот на кој се разговарало за работата на Советот во дебатни ТВ-емисии.

„Јас не сум ни криминалец ни џелат на судството. Барам да се разговара за тоа како сме нарекувани во телевизиските емисии. Посебно реагирам за тоа како еден т.н. адвокат ме нарече во една емисија“, рече Богдановски.

Советот како точка на дневен ред ја постави и темата дека, како што нагласија и членовите, за неговата работа се информира необјективно.

Судскиот совет на денешната седница ќе расправа, меѓу другото, за поведување постапка за утврдување одговорност за судија. На седницата треба да бидат определени подносители за барањата за утврдување нестручно и несовесно вршење на судиската функција од Советот за утврдување факти и поведување постапка за утврдување одговорност за судија.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Новоизбраните членки на Судскиот совет дадоа свечена изјава

Гаши: Треба да се повтори огласот за член на Судскиот совет бидејќи има нов закон, денеска или утре ќе има решение за народниот правобранител

Сиљановска Давкова: Предложените членки на Судскиот совет ги избрав според нивната стручност, компетентност, но и професионален и личен кредибилитет

Камбовски: Верувам дека претседателката избрала вистински професионалци кои ќе придонесат во работата на Судскиот совет

Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ за членови на Судскиот совет по предлог на Сиљановска-Давкова

Зајкова: Реформи за Судски совет донесени на брза лента не градат доверба