Чилиманов: Заев ќе заврши во гепек на некој автомобил

Од:

Новинарот и уредник во Македонската информативна агенција, Цветин Чилиманов кој години наназад ги брани и одобрува активностите на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, директно преку статус на социјалните мрежи му прогнозира на лидерот на опозицијата Зоран Заев дека ќе заврши во гепек на некој автомобил откако нема да исполни некое од ветувањата кои ги имал дадено.

null

– Ваков бишкарник немало во политиката до сега. Сосем е јасно дека кариерата ќе му заврши во гепек на некоја кола откако нема да успее да исполни некое од безбројните опречни ветувања кои досега ги има дадено. Прашање е само дали тој што ќе ја вози колата на депонија ќе биде Македонец, Албанец, Американец, Талијан, напиша Чилиманов на својот Фејсбук профил.

Чилиманов случајно или не секогаш е синхронизиран со ВМРО-ДПМНЕ и најавите на Никола Груевски. Откако Груевски најави десороизација, Чилиманов формираше Здружение „Стоп Операција Сорос“, со произволни обвинувања, но како подлога и причина за наводна независна истрага на обвинителството и УЈП во невладините организации од каде не се заминати веќе трет месец.

Би можело да ве интересира

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска