Чифлиганец го демантира Камчев: Не сум барал дуќан за Стефанова

Од:

Сопственикот на градежната компанија Адора, Ванчо Чифлиганец кој беше споменат од страна на Орце Камчев во објавените разговори за случајот „Рекет“ ги демантира наводите дека барал од бизнисменот дуќан за стоматолошка ординација за обвинителката Лиле Стефанова.

„Би сакал одговорно да и соопштам на јавноста дека таков наводен разговор во врска со некакво барање кон едно од лицата што се јавуваат во снимката, се нема случено, бидејќи, без исклучок, не сум таков човек кој влегува во такви разговори. Мојот животен пристап секогаш бил да помагам на луѓе во согласност со законските прописи. Без предметно е, дури и попатно споменување на моето име“, вели Чифлиганец во соопштението кое го упати до јавноста.

Обвинителката Лиле Стефанова прехтодно напомена дека бизнисменот Камчев намерно ја спомнува за да ја компромитира од причина што го води случајот „Империја“

Би можело да ве интересира

„Орка Холдинг“ на Орце Камчев ќе го презема целосно „Жито Полог“

Орце Костов

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Агелер: Ние нема да ги апсиме оние што се на листата, одлуките зависат од вашите судски органи

А1он

Министерството за финансии на САД го стави Орце Камчев на Црната листа

Горан Наумовски

Камчев е на слобода, двете години затвор намалени за четири месеци со спојување на казните

Кристијан Ландов

Стефанова тврди дека продолжила кај што Русковска застанала за Муареми

Кристијан Ландов