Четврта изложба на уметници од Преспа

Од:

Во Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен денеска беше отворена четвртата изложба на уметници од Преспа, со која беше означен почетокот на годинашниот „Преспански јаболкобер“.
– Во делата на 28 уметници од различни генерации и со различни стилови на сликање.

посетителите можат да препознаат многу од колоритите на Преспа и да уживаат во прекрасните анализи на карактерите на преспанските жители доловени со четката на нивните сограѓани. Меѓу најпознатите автори претставени на изложбата е и митрополитот европски, отец Пимен, соопшти организаторот.

Изложбата ја отвори градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезовски, кој им се заблагодари на авторите и за разубавувањето на годинашниот Јаболкобер и за трајното збогатување на ресенската културна ризница, со подарувањето на делата на Домот на културата „Драги Тозија“.

Би можело да ве интересира

Серија земјотреси го тресат преспанскиот регион

А1он

Силен земјотрес ноќеска ги вознемири граѓаните на Преспа

Орце Костов

Поради реконструкција на дистрибутивната мрежа, Ресен и Преспа утре 10 часа без струја

Локализиран пожарот во националниот парк „Преспа“

А1он

Голем пожар во националниот парк „Преспа“ кај Пустец

А1он

Македонски филмови, Љубојна и Слаткаристика овој викенд на „Преспаленд”

Ана Ололовска