Четврта Глобална конференција на Обединетата македонска дијаспора

Од:

Во организација на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) денеска во Скопје почнува Четвртата годишна Глобална конференција.

Во работниот дел на конференцијата, кој ќе трае до сабота, 27-ми јули ќе учествуваат 40-тина експерти од 12 држави во повеќе тематски блокови.

Одржувањето на конферецијата се совпаѓа со стогодишнината од завршувањето на Блаканските војни и од потпишувањето на Букурешкиот договор. Трудовите и дебатата во академскиот дел од конференцијата ќе се фокусираат на изминатите 100 години од македонската историја, но и на насоките и идеите за иден развој и добробит на македонскиот народ и можниот придонес на македонската дијаспора во него.

Ова е прва Глобална конференција на ОМД, која се одржува во Македонија. ОМД се смета за водечка меѓународна НВО која ги застапува интересите и потребите на Македонците кои живеат надвор од Македонија ширум светот, а придонесува и кон остварувањето на стартешките цели на Македонија. Седиштето на организацијата е во Вашингтон, САД, а има свои ограноци во Европа, Канада и Австралија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

A1on

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски