Четворица повредени во сообраќајка на патот Росоман – Прилеп

Од:

Четири лица се повредени од кои две потешко при директен судар на две возила, кој вечерва се случи на регионалниот пат Росоман – Прилеп.

Ова го истакна портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска, која рече дека сообраќајната несреќа се случила околу 20 часот, полициските службеници се на лице место, а увидот ќе го врши јавен обвинител.

Од Службата за Итна помош при Здравствен дом Кавадарци интервенирале со медицински персонал и две возила.

– Едно од возилото престигнувало и удрило директно во другото, кое излегувало од бензинската пумпа. Тешко повредените се млади полнолетни росоманци и откако биле примени во Кавадаречката општа болница, биле препратени на скопските клиники. Полесно повредените жена и детенце од другото возило се во Кавадаречката болница на опсервација, соопштија од Службата за Итна помош при Здравствен дом Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари