Четворица обвинети за „крвавиот“ четврток ќе се бараат со потерница

Од:

Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по добиено известие од надлежните органи дека лицата А.В., Н.М., М.Д. и Д.Д. опфатени со предлогот на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор, а во врска со настаните од 27 април во Собранието на Р.М., се недостапни на органите за прогон, донесе решенија со кои на сите им определи мерка притвор во траење од 30 дена по нивно пронаоѓање односно лишување од слобода, а поради постоење на причините предвидени во член 165 ст.1 т 1, 2 и 3 од ЗКП.

Решенијата, веднаш по нивното изготвување, од судот се испратени до надлежното обвинителство, а наредба за распишување потерница, согласно одредбите од законот, донесува органот кој jа води постапката.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ

Уставен суд првпат бара одговорност од судија за непочитување негова одлука

Катерина Ѓуровски

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април