Четворица Македонци евакуирани од Судан

Од:

Четворица македонски државјани вчера биле евакуирани од Судан кој е зафатен од воен конфликт информира Министерството за надворешни работи. Од МНР велат дека евакуацијата била изведена со помош на Саудиска Арабија, а четворицата Македонци во моментов се наоѓаат во Џеда. Амаксадата во Абу Даби го организира нивното враќање во земјава.

– До сега се евакуаирани вкупно 4879 лица, од кои 139 се Саудијци, а другите се од 96 земји од целиот свет, меѓу кои и од Европа, САД, а од нашиот регион освен Северна Македонија, се и Грција и БиХ. Министерството за надворешни работи со внимание го следи развојот на состојбите во Судан и е во комуникација со држави кои имаат свои дипломатски конзуларни претставништва во земјата, се наведува во соопштението од МНР.

Конфликтот во Судан почна во средината на април, досега има над 400 цивилни жртви. Судирот е меѓу Силите за брз поддршка и редовната армија.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија