Четворица актуелни судии по телефон интервенирале во судски одлуки по налог на власта на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Во посебниот шести шестмесечен извештај за сработеното кој го објави специјалното јавно обвинителство, е наведено дека четворица судии постапувале несоодветно по директни политички нарачки, што е утврдено врз основа на бомбите и смс комуникацијата која ја поседува обвинителството.

Тоа се поранешната претседателка на Судскиот совет, Александра Зафировска, врховниот судија Јово Вангеловски, Светлана Костова, судијката во Вишиот управен суд, и Софија Лаличиќ од кривичниот суд во Скопје.

Во извештајот пишува дека неовластените прислушувања покажуваат интеракции помеѓу високи функционери во судството и членови на Владата на Република Македонија кои во основа ја поткопуваат судската власт.

„И покрај експлицитните законски забрани за партиска и политичка активност на судиите, забраните за политичко организирање и дејствување на Судскиот совет, како и забраните за вршење партиска активност на членовите на Советот, реалната состојба во Република Македонија оценета преку извештаите на меѓународниот фактор, но пред сѐ оценета преку перцепцијата на обичниот граѓанин покажува дека мнезависноста на судството останува само идеја запишана во законите.“

Според извештајот, тогашниот претседател на Судскиот совет на Република Македонија, премиерот на Владата на Република Македонија, министерот за правда, министерот за внатрешни работи и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање одлучувале за избор на „подобни“ судии и разрешување на „неподобни“ судии, стручните соработници ги бирале според партиски списоци, ја менаџирале работата на судовите, интервенирале во судски постапки итн.

Потврда за постоењето на бројни неправилности и груби злоупотреби се констатирани и во Извештајот од извршен увид во функционалноста на информатичкиот систем и надзор над примената на одредбите од Судскиот деловник, изготвен од Министерството за правда, чија што содржина пред сѐ го идентификува очигледното нефункционирање на Судскиот совет.

(продолжува)

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски