Четитка од претседателот Иванов по повод денот на АРМ – 18 Август

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов, по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија, упати честитки до началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески и до сите припадници на Армијата.

– Како ваш врховен командант, ми претставува особена чест да ви го честитам 18 Август, Денот на Армијата на Република Македонија. Ден кога пред 21 година беше создадена нашата Армија да го брани територијалниот интегритет и суверенитет на нашата татковина Република Македонија, наведува Иванов во честитката.

Како важен столб на нашата независност, истакнува шефот на државата, Армијата ја отсликува реалната структура на македонското општество и ја чува нашата безбедност и безбедноста на нашите најблиски. Со својата реформска посветеност, професионализам во извршувањето на одговорните задачи и постигнатите резултати во мировните мисии, Армијата на Република Македонија е ценет и посакуван партнер на Алијансата во одбраната на споделените вредности – мирот, безбедноста и демократијата, оценува претседателот.

Упатува честитки до сите припадници на Армијата на Република Македонија и сите унапредени и новопоставени старешини, војници и цивилни лица на служба во АРМ. – Ви честитам за вашиот професионализам во извршувањето на одговорната задача, но пред сè за вашата солидарност и лојалност кон татковината, истакнува претседателот Иванов во честитката.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on