А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Мери Јордановска
Македонија

Четиримесечно бебе и мајката примени на Инфективна, позитивни на Ковид-19

by Мери Јордановска09/04/2020 - 15:3009/04/2020 - 15:40528
Share0

Мајка и нејзиното четиримесечно бебе од Кочани се примени на Инфективната клиника, откако биле утврдени дека се позитивни на коронавирусот, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Добивај вести на вибер

И мајката и бебето се во добра здравствена состојба.

На Инфективната клиника во последниве 24 часа примени се пет нови пациенти, со што вкупниот број хоспитализирани на клиниката е 68. Од нив, 20 се со потешка клиника слика, а седум се во критична состојба

За четворица пациенти се чека вториот контролен тест, пред да бидат испуштени од клиниката како излечени, информираше Филипче.

Во Градската болница „8 Септември“ има 25 хоспитализирани пациенти. Од нив пет се во тешка состојба и се приклучени на вештачка вентилација.

Во болниците во Битола и во Штип има по четворица пациенти, од кои на еден му е потребна кислородна поддршка.

Во последниве 24 часа регистрирани се 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови во Скопје – 12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово – 1, Струга – 2, Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 663 лица. Според последните објавени информации, 30 пациенти починале како последица на коронавирусот.

koronavirus mkdvenko filipce

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Зошто не ги прифаќате мерките на СДСМ коишто навистина ќе дадат ефект?

Горан Наумовски08/04/2026 - 13:17

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Горан Наумовски04/04/2026 - 13:51

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ01/04/2026 - 15:2001/04/2026 - 15:26

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Горан Наумовски01/04/2026 - 13:53

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он28/03/2026 - 15:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто