Четиригодишното девојче заболено од коронавирус, се заразило во градинка во Англија

Од:

Четиригодишното девојче од Штип кое е заразено од коронавирусот е на Инфективната клиника со неговата мајка, а според кажувањата на епидемиолозите, семејството било во изолација откако се вратиле од Англија на 14 март, со оглед на тоа што во градинката веќе имало друг заболен, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

За коронавирус ќе бидат тестирани мајката, таткото и мајката на едниот од нив, бидејќи родителите на девојчето потврдиле дека немале други контакти.

Освен девојчето, Филипче повтори дека вкупниот број на заразени од коронавирус во државата изнесува 48, од кои 6 се дијагностицирани денеска.

Освен девојчето од Штип, во Дебар се регистрирани три нови случаи на коронавирус, а тестовите се направени во рамките на скринингот. Сите тие, според Филипче, се во групата на првичните 10-11 иницијално заболени.

„Очигледно станува збор за интензивна комуникација меѓу луѓето за време на тој период“, рече тој.

Во Скопје е регистриран еден случај, за кој не беа дадени повеќе детали. Единствено беше кажано дека пациентот бил во контакт со претходно дијагностицираните.

Последниот случај е пациентка, жена која се вратила од Швајцарија и изјавила дека по пристигнувањето во земјата била во изолација. Таа самата навела дека во Швајцарија имала контакт со заболен.

Во моментов се тестираат 35 лица, за кои Министерството за здравство ќе извести веднаш по добивање на резултатите.

Денеска се врши и домашна визита кај сите што на домашно лекување и даден им е алгоритам како треба да се однесуваат.

Филипче рече дека постојат многу случаи кога луѓето не се придржуваат до самоизолацијата и засега се поднесени 29 пријави.

„Пациентите се во пораст, но сметам дека здравствениот систем засега е добро менаџиран. Добро е што пациентите се откриваат во рана фаза. Искуствата од други земји покажуваат дека ако се откриваат во доцна фаза, тоа може да го колабира здравствениот систем“, рече Филипче.

Сите пациенти, рече Филипче, се стабилни, вклучително и жената од Дебар која е приклучена на респираторна машина.

Би можело да ве интересира

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

ВИДЕО: Техничката влада не смее да падне, „средба со криминалци нема да има“, вели Филипче

(ВИДЕО) Филипче за Божиќ: Да градиме праведно и слободно општество, младите тука да ја гледаат иднината

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Деспотовски: Венко, нема да ти дозволам да избришеш 30 години работа

Манасиевски: Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи