Четири возила за јавен превоз во Тетовско и Гостиварско исклучени од сообраќај поради неисправност

Од:

Четири возила кои вршат јавен превоз се исклучени од сообраќај во рамки на континуираните контролни активности на територија на СВР Тетово, инфомира Министерството за внатрешни работи.

-Полициските службеници откриле и санкционирале четири технички неисправни возила кои вршат јавен превоз, од кои две во тетовскиот и уште толку во гостиварскиот регион. Тие веднаш биле исклучени од сообраќај до отстранување на констатираните неисправности. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопштуваат од МВР.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, при што ќе се соочат со парична глоба од 400 евра во денарска противвредност.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари