Четири семејства од Куманово годинава побарале помош во семејниот центар Хера во Скопје

Од:

Жртвите на семејно насилство од Куманово можат да побараат помош во првиот семеен центар Хера во Скопје, кој функционира од 2013 година.

Претставниците од организацијата денеска одржаа трибина во Куманово и разговараа со претставници од центарот за социјални работи, СВР Куманово, психолози, педагози од училиштата, здравствени работници и претставници од граѓанскиот сектор како да ги препознаат и да им помогнат на жртвите на семејно насилство.

Претставниците на различните институции од градот, надлежни за оваа проблематика се согласија дека е потребно да се подобри меѓусебната комуникација, за да се пружи првична помош на жртвите, но укажаа дека наидуваат и на пречки во однос на законските овластувања и ингеренции во однос на работата со жртвите од овој вид насилство. Клучна беше посочена меѓусекторската и меѓуинституционалната координирана поддршка што треба да ја добијат жртвите.

Последнава година, претставниците на организацијата работеле на решавање на четири случаи за исто толку семејства кои биле упатени во центарот од страна на социјалните работници од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи.

– Ние нудиме психосоцијална поддршка и советување, со жртвите работи психотерапевт во зависност од тоа кој тим треба да биде вклучен, дали е за родителски вештини, за жртва на семејно насилство, а работиме и со сторителите, изјави манеџерката на првиот семеен Центар, Фросина Ивановска.

Во некои случаи, појаснува се вклучуваат психолози, социјални работници, кои даваат информации за тоа која институција е надлежна за одреден случај, жртвите добиваат бесплатна правна помош и помош при изработка на документи.

Од октовмри 2013 до август годинава на ниво на Македонија, поддршка од центарот Хера побарале 813 лица, најголем број 333 се жени-жртви на семејно насилство.

Центарот е прво специјализирано советувалиште кое нуди психосоцијална поддршка и советување на семејства во конфликтни односи во кои во одреден период или во моментот има насислтво. Услугите кои ги нуди професионалниот тип ги зајакнуваат поединечно членовите од семејството.

Би можело да ве интересира

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Дилер од Куманово со нож повредил полицаец

Горан Наумовски

19 годишник дивеел и кршел во полиција во Куманово, нападнал и полицаец

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

МВР: Приведени се разбојниците кои пукаа и ограбија кумановец