Четири патнички возила и еден автобус вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

Од:

Претходните два дена од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце и од Одделението за прекуграничен криминал Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север била извршена контрола на четири патнички возила и еден автобус кои вршеле меѓународен превоз на патници, информира МВР.

– При контрола на возилата „мерцедес“, со струмички регистарски ознаки, управувано од К.А.(38) од Струмица, „мерцедес“ со бугарски национални ознаки, управувано од С.К.(32) од Република Бугарија, „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(42) од Куманово и „сеат алхамбра“, со струмички регистарски ознаки, управувано од К.Т.(28) од Струмица, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. Исто така, при контрола во автобус, со гостиварски регистарски ознаки, управуван од М.М(42) од с.Горна Бањица, гостиварско, било констатирано дека врши меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација, соопшти МВР.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари